„Џип“ го зголеми спонзорството во Јуве на 42 милиони евра

by
1 минути читање

Во италијанскиот
првак Јувентус пристигна „финансиска инјекција“ откако нивниот главен спонзор „Џип“
се согласи на тоа да го зголеми спонзорството на финансиски план, па така
истото на годишно ниво ќе изнесува 42 милиони евра.

Како што се вели
и во соопштението на клубот на официјалниот сајт, од таму има и потврда дека
спонзорството ќе биде зголемено за дополнителни 25 милиони евра, а како причина
за тоа се наведуваат одличние спортски перформанси постигнати во изминатите
неколку години на „Старата дама“.

Дополнително,
како што пишуваат во Италија, се вели дека обете страни се веќе во преговори за
продолжување на соработката до 2021. година.

„Џип“ стана
спонзор на Јувентус во 2012. година, од тогаш па наваму постојано се појавува
тој гигант во автомобилската индустрија на дресовите на тимот од Торино, а во
тој период „Старата дама“ досега освои седум Скудета, а два пати обезбеди и
место во големото финале од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×