Џеси Линард најде нов клуб и направи историски трансфер

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот англиски репрезентативец и поранешен фудбалер од средниот ред на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард, потпиша договор со бразилскиот Коринтијанс до крајот на сезоната.

Триесет и тригодишниот фудбалер беше слободен играч откако на крајот од минатата година му истече договорот со јужнокорејскиот Сеул. Иако постоеше интерес од клубови од американската лига МЛС, Лингард одлучи кариерата да ја продолжи во Сао Паоло, каде што ќе го носи дресот со број 77.

„Ги видов навивачите на аеродромот како скандираат ‘Напред, Коринтијанс!’. Има толку многу страст кај нив, прекрасно е тоа да се види. Соиграчите ме пречекаа со раширени раце, како и тренерот и директорот. Првите впечатоци се одлични, многу сум среќен и едвај чекам да заиграм“, порача Лингард.

Со овој трансфер, Лингард го очекува и едно уникатно искуство. Тој ќе стане првиот англиски фудбалер кој заиграл во бразилската прва лига и само втор играч роден во Британија што настапувал за овој клуб, по турскиот репрезентативец Колин Казим-Ричардс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×