Џерард знае каков ултиматум му поставила Барса на Кутињо за Бразилецот да влезе во војна со Ливерпул

by
1 минути читање

Филипе Кутињо
вчера достави формално барање за трансфер откако сопствениците на Ливерпул
порачаа дека играчот нема да биде продаден.

Бразилецот веќе
се договори со Барса и чекаше двата клуба да постигнат договор во пријателски
преговори.

Но кога виде дека
„Црвените“ нема шанси да попуштат се реши на драстичен чекор и влезе во војна
со клубот.

Стивен Џерард
вели дека за ова е крива Барселона и верува дека „Каталонците“ му поставиле
ултиматум на Филипе Кутињо.

„Проблемот е
Барселона, на неговите агенти тие сигурно им рекле, „Сега или никогаш. Доколку
не пристигне ова лето, втора шанса за трансфер нама да има“. Па тие вршат
притисок врз играчот и затоа Филипе Кутињо реагираше вака
– вели легендата на Ливерпул.

„Момците кои
доаѓаат од Јужна Америка сонуваат да играат за Барселона, и него сега го фаќа
паника дека никогаш нема да потпише за нив доколку не ја искористи оваа шанса
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани