Стивен Џерард е вистинска легенда на Ливерпул и еден од најголемите на сите времиња, а сега во својата последна изјава зборуваше дека во неговите најдобри денови, стартер би бил во секој голем клуб во Европа, освен во еден.
Имен, англиската легенда не е сигурна само за Барселона бидејќи како што вели не му одговарал стилот на игра на каталонскиот гигант.
„Во најдобрите години ќе бев стартер за клубови како Ливерпул, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Арсенал, Тотенхем, Баерн, ПСЖ, Наполи…секаде. Не сум сигурен за Барселона бидејќи не би одговарал на нивниот стил на игра“, беше искрен Џерард.
Во својата кариера успеа да освои бројни трофеи меѓу кои и Лигата на шампионите во познатот офинале против Милан во 2005 година.
Фото: Liverpool FC/X