701
Според неговата последна изјава, Стивен Џерард нема намера наскоро да се врати на тренерката работа.
Џерард е без ангажман откако го напушти Ал-Итифак кон крајот на јануари и како што вели сега ужива во слободното време кое како тренер и претходно како фудбалер го нема.
„Не сакам сега да се вратам на работа. Навистина сум среќен вака, се чувствувам слободен да правам работи што ги сакам, немам стрес. Правам семејни работи, помагам дома, играм голф…можам да одам во барот и да испијам неколку пива, кога сте тренер тоа не можете да го првавите“, изјави Џерард.