1,6K
Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард наскоро би можел да се врати на кормилото на Глазгов Ренџерс.
Ренџерс синоќа му врачи отказ на Филип Клемент и сега е во потрага по нов тренер.
„Дејли Рекорд“ пишува дека фаворит за тренерското столче е Стивен Џерард.
Стивен Џерард со голем успех го водеше Ренџерс од 2018 до 2021 кога одлучи да се пресели во Астон Вила.
Ренџерс со Џерард беа и шампиони на Шкотска.
Тој беше тренер и во Астон Вила и Ал Етифак, но таму не беше ни далеку добар како во Ренџерс.