137
Медиумите на
Островот пренесуваат дека легендата на Ливерпул и поранешен англиски
репрезентативец, Стивен Џерард најверојатно би можел во блиска иднина да го
преземе кормилото на Глазгов Ренџерс.
Моментално
Англичанецот работи во Ливерпул со помладите категории на клубот, а шкотскиот
гигант му нуди да дебитира како тренер на една сениорска екипа.
Во случај да ја
прифати понудата, Џерард за најголем ривал во шкотскиот шампионат би го имал
тренерот на Селтик, Брендон Роџерс во битката за титулата на тамошното
првенство, инаку негов поранешен тренер во Ливерпул.