Џентлменски договор и трансфер од 100 милиони евра, ѕвездата на ПСЖ во фокусот на Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање

Фудбалерот на ПСЖ, Витиња е топ трансфер цел на Реал Мадрид за засилување на средниот ред, се шпекулира дека Португалецот има џентлменски договор со „светците“ и можност да замине за 100 милиони евра.

Креативноста на средината од теренот е главниот проблем на Реал Мадрид, „кралевите“ не успеаја на соодветен начин да ја пополнат празнината која настана по заминувањето на Тони Крос и Лука Модриќ.

Низ медиумите се шпекулира со неколку потенцијални засилувања, а често се пишува дека Витиња од ПСЖ е една од опциите.

Како што пренесува Кадена СЕР, Португалецот всушност е топ трансфер цел на Реал Мадрид. Наводно тој има џентлменски договор со „светците“ според кој може да замине доколку на маса бидат ставени 100 милиони евра.

Сега се во рацете на Витиња, и тој треба да повлече потег. Доколку фудбалерот сака да ја промени средината, ќе треба да ги извести ПСЖ и Реал Мадрид, и „кралевите“ ќе тргнат во офанзива.

ФОТО: X/Paris Saint-Germain

Можно е и ова да ти се допаѓа

×