341
Фудбалерите на Џенова славеа во дуелот од 20. коло на Серија А против Парма со минимални 1-0.
Натпреварот на „Луиџи Ферарис“ го одбележа единствениот погодок во 65. минута. Стрелец беше Мортен Френдруп по асистенција од Мирети, ама голем удел во овој гол имаше играч на Парма.
По шутот на Френдруп во блок се намести Дел Прато, па целосно го измени правецот на ударот и го лобува својот колега меѓу стативите Зајон Сузуки. Во продолжението Џенова ја погоди и статтивата од гостинскиот гол преку Пинамонти.