Џенова со десет играчи остана непоразена во Неапол, одлична партија на Пандев (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Пандев вечерва играше против својот поранешен клуб Наполи, беше стартер и се прикажа во одлично светло. Имаше и убава асистенција при израмнувачкиот гол на Џенова.

Во 28. минута Стураро доби црвен картон, по што Џенова остана со играч помалку. Само шест минути подоцна Мертенс даде гол за водство на Наполи од 1-0 и во тие моменти се чинеше дека им нема спас на гостите.

Но во судиското продолжение од првиот дел, Пандев прекрасно асистираше до Лазовиќ кој со волеј изедначи на 1-1, тоа беше и конечниот резултат.

Пандев играше до 62. минута, имаше неколку шанси и асистенција за голот за својот тим. Кога излегуваше од игра бурно беше поздравен од публиката на Сан Паоло која има почит за својот поранешен играч.

Ремито на Наполи значи дека Јувентус е на само еден бод до освојување на ново Скудето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×