124
Фудбалерите на Лацио без поголеми проблеми славеа над Џенова со 0-3 и на тој начин се вратија на победничките патеки по двата порази во низа од Сасуоло и Рома.
Уште во четвртата минута Лацио денеска ја најави победата кога Канселиери го отвори резултатот. По половина час веќе гостите од Рим имаа и 0-2.
Со таа предноста заминаа на паузата. Во второто полувреме видовме еден гол кој го постигна Закањи во 65. минута.
По пет кола во првенството Лацио има шест бода, додека Џенова е претпоследна со само два бода.