Легендарниот Роберто Манчини ќе биде човекот кој ќе се обиде да го гаси пожарот во Сампдорија.
Овој славен италијански клуб е во најтешка позиција во историјата и му се заканува за првпат играње во Серија Ц. Сампдорија има долг од 175 милиони евра и се наоѓа во опасната зона во Серија Б на шест кола пред крајот на сезоната.
Манчини се враќа во клубот каде што играше 15 години, меѓутоа не како тренер туку во друга улога. Тој ќе биде спортски директор и ќе се обиде да направи реконструкција. Според информациите, Роберто Манчини добива одврзани раце да го спаси клубот.
Инаку, Сампдорија едвај доби лиценца за настап во Серија Б поради огромните долгови, па сопственикот Масимо Фереро се реши на вакво решение за кризата.