Фудбалерот од
средниот ред на Болоња, Блерим Џемаили тврди дека нема никаква случајност во
тоа што неговиот тим приреди изненадување на гостувањето кај вицепрвакот на
Италија, Наполи, совладувајќи го со 1-2.
Џемаили наведе
дека голема улога одиграло и враќањето на шефот на стручниот штаб на Болоња,
Синиша Михајловиќ, кој воедно не беше на клупата на таа екипа за мечот во
Неапол, меѓутоа беше присутен на тренинзите на тој состав минатата седмица.
„Резултатите беа
очајни, меѓутоа, ако земеме во предвид како игравме на теренот, ќе утврдиме
дека имавме убава игра, но, за жал резултатите беа такви…“ изјави Џемаили за
„Скај Спорт Италија“.
„Мислам дека со
фактот што поминавме цела седмица со нашиот тренер придонесе за вакво нешто, не
баш секој може да се врати од негатива на „Сан Паоло“, па дури и да победи“
додаде Џемаили.
„Да се има
Михајловиќ со нас е сосема различно искуство, се надеваме дека ќе го направиме
среќен, бидејќи тој знае премногу да се налути!“ заклучи Џемаили.