Џекпотот во Копа дел Реј го добија Културал и Мелиља, еве како се славеше во соблекувалните (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Секоја година во
Шпанија будно се следи ждрепката за шеснаестфиналето во Купот бидејќи малите
екипи имаат прилика да се сретнат со некој од гигантите.

Денеска џекпотот го
добија третолигашите Културал Леонеса и Мелиља. Првиот ќе го пречека шампионот
Барселона, а вториот ќе игра со трикратниот шампион на Европа, Реал Мадрид. Единствениот тим од четвртата лига во ждрепката пак налета на шампионот во Лига Европа, Атлетико Мадрид.


Слично и на
претходните години, во соблекувалните имаше големо славење. Првите мечеви се на
програмата од 30. октомври до 1. ноември, додека пак реваншите се играат од 4.
до 6. декемри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×