Џеко се сели во Хајдук, на негово место Мурињо во Фенербахче носи ѕвезда на Барселона?!

by bojan
1 минути читање
Џеко

Хајдук сака да реализира нова бомба и да го ангажира Еден Џеко, Жозе Мурињо веќе размислува за нов напаѓач и го мерка Роберт Левандовски од Барселона, а како опција се посочува и Алваро Мората од Атлетико Мадрид.

Хајдук долго време чека на нова титула во хрватскиот шампионите, па активно работат на трансфер пазарот со цел да се вратат на тронот.

Клубот од Сплит синоќа го потврди Џенаро Гатузо за нов тренер, а веќе денеска се шпекулира со нова „бомба“.

Медиумите од Хрватска пренесуваат дека Хајдук го сака Еден Џеко од Фенербахче, и спортскиот директор Никола Калиниќ веќе разговарал со Босанецот и го убедувал да им се придружи.

Во исто време, медиумите од Турција пишуваат за трансфер „бомба“ на Фенер, Жозе Мурињо сака да го засили нападот со Роберт Левандовски од Барселона.

Една ваква зделка е прилично комплексна, и можеби невозможна, па Фенербахче размислува и за друга опција од Ла Лига, и ангажман на Алваро Мората од Атлетико Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани