44
Напаѓачот на Фиорентина, Един Џеко наскоро би можел да ја промени средината, но да остане во Италија.
Според последните информации, Даниеле Де Роси кој е поранешен соиграач на Џеко, а денес тренер на Џенова би можел да го доведе.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Де Роси е во потрага по јануарско засилување во нападот и верува дека Џеко може да биде одлично решение.
Џеко зад себе има големо искуство во Италија, но исто така и квалитет, па сигурно може да помогне во борбата за опстанок која ќе ја има Џенова до крајот на сезоната.
Од друга страна Фиорентина е во сериозна криза и тие се единствената екипа која нема победа по 14 кола во првенството, со шест бода се последни на табелата.