Един Џеко, искусниот
напаѓач од редовите на калчолигашот Рома потврди дека постоел интерес од страна
на Челси во изминатиот зимски јануарски преоден рок, но додаде дека е среќен
што останал во Рома.
„Точно е дека постоеше
интерес од страна н Челси, но тоа е се што можам да го кажам во однос на таа
тема, многу шпекулации беа поврзани со мене и мојата иднина, но ете, се уште
сум во овој клуб, на крајот, среќен сум што останав во Рома, бидејќи Рим стана
мојот дом и еден нераскинлив дел од мојот живот“ истакна босанскиот напаѓач.
„Се почувствував
поласкано од интересот на Челси, тоа е клуб кој навистина го почитувам и му се
восхитувам, но Рома е дел од мојот живот сега, и така ќе остане засекогаш“
додаде тој.