Џеко открива: Само од еден фудбалер сум побарал дрес

by
1 минути читање

Напаѓачот на Рома
игра одлично во тековната сезона во Италија, ги освои симпатиите на навивачите
на тимот од Рим, а со 27 погодоци е прв на листата на стрелци во „Серија А“.

Босанецот
гостувајќи на клупската телевизија, во емисија која ја води токму првиот голман
на тимот, Војчех Шчесни, насловена „Шоуто на Шчесни“ одговори на многу негови
прашања, а најмногу се задржаа на прашањето кој е подобар напаѓач од Тиери Анри
и Андриј Шевченко.

Џеко уште еднаш
не ги криеше симпатиите кон својот идол, украинската легенда Шевченко, а притоа откри дека неговиот дрес му бил
најдраг, но никогаш не барал дресови од останатите фудбалери.

„Често разменувам
дресови, но генерално не сум јас тој кој бара дрес, не сакам ова да звучи
арогантно, но не сакам да барам дрес од други играчи. Кога играв за Волвсбург
во дуелот против Милан, имав прилика да разменам дрес со Шевченко, тоа го
направив на полувремето од мечот и тоа ми е најдрагиот дрес… “
открива Босанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани