170
Голема радост во
редовите на Рома по пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите, тимот на
Ди Франческо по поразот од 4-1 на гостински терен кај Барселона, имаше ѓаволски
тешка, за многумина невозможна мисија на реваншот, но славеше со 3-0.
Еден од стрелците
во победата на италијанскиот тим, Един Џеко, го сумираше впечатокот од
синоќешната сензација.
„Не беше лесно,
воопшто, среќен сум што сме во полуфиналето. Бевме одлучни во тоа што го
сакавме, но, најдоброто допрва доаѓа. Покажавме дека можеме да се носиме со
сите, Барселона е многу силна екипа, им дадовме три гола, а можевме и повеќе.
Никогаш не сум видел толку да патат…“ издвои Џеко.