Босанскиот голгетер Един Џеко е на чекор до нов ангажман во Серија А и од јануари треба да го облече дресот на Џенова. Како што пренесуваат италијанските медиуми, трансферот е практично завршен и остануваат само формалности.
Со овој потег, Џеко ќе ја затвори неуспешната полусезона во Фиорентина и повторно ќе соработува со својот близок пријател Даниеле Де Роси, кој во моментов ја предводи Џенова од тренерската клупа. Двајцата имаат заедничко минато од деновите поминати во Рома.
Во тековната сезона искусниот напаѓач настапи на 11 натпревари во Серија А за „виолетовите“, но не успеа да се запише во листата на стрелци.
Фиорентина се наоѓа на последната позиција на табелата со само девет бодови, додека Џенова е веднаш над зоната за испаѓање и има 14 освоени бодови.