Џек Вилшер збесна, за малку ќе истепаше 17 годишен фудбалер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Џек Вилшер важеше
за еден од најперспективните фудбалери на Англија, но големиот број повреди
придонесоа неговата кариера да стагнира.

Тој ова лето се
опоравуваше од нова фрактура на ногата, и вечерва настапи за резервите на
Арсенал на дуелот со Манчестер Сити.

На средината од
вториот дел, тој направи голем инцидент откако беше покосен од 17 годишниот Метју Смит, кој задоцни со својот старт и непотребно направи груб прекршок.

Со оглед на тоа
дека играчот од средниот ред не може глава да крене од повреди, Џек Вилшер
збесна и веднаш го турна противникот на земја по што настана мешаница, во која Англичанецот
дополнително се фати за гуша со уште еден 17 годишен играч на Манчестер Сити, Тајрек
Вилсон.

За овој потег,
Џек Вилшер беше исклучен, тој немаше замерки на судијата, но додека го
напушташе теренот постојано дофрлаше нешто до децата од Манчестер Сити и им
кажуваше дека отпослем дополнително ќе ги расчистат сметките.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани