299
Легендарниот напаѓач на Лестер, Џејми Варди најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Серија А, а веројатно таму и ќе ја заврши.
38-годишниот напаѓач е многу блиску до трансфер во Кремонезе. Зделката е речиси договорена, остануваат уште детали за тој да биде потврден.
Варди е слободен играч, тој замина од Лестер по крајот на минатата сезона.
Кремонезе имаше фантастичен старт на сезоната откако го победи Милан на Сан Сиро со 2-1.
Варди дури 13 години играше за Лестер, ја освои Премиер лигата со овој клуб во 2016 година. Тој е вистинска легенда на англискиот фудбал.