Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер ја критикуваше трансфер стратегијата на Челси и не му е јасно зошто „сините“ продолжуваат да го купуваат играчи кога и онака имаат преширок состав.
Жоао Феликс е пред потпис со Челси, Португалецот ќе биде 10-тото ново име на Стемфорд Бриџ ова лето.
„Сините“ и онака имаа широк состав, па со новите засилувања станаа само мета за потсмев на социјалните мрежи.
Свое видување за целата ситуација даде и Џејми Карагер, кој ги повика фудбалерите да одбиваат трансфер во Челси.
„Челси треба да престане да купува играчи, и играчите треба да престанат да доаѓаат во Челси. Ако јас бев играч, што би барал во Челси?“ – вели легендата на Ливерпул.
„Единствена причина за трансфер е доколку агентот ви каже, „добиваме седум годишен договор и огромни пари, тоа се гарантирани пари за следните седум години“. Знаете што јас би кажал? Потпишете четиригодишен договор со вистински клуб, покажете се како добар играч, и кога ќе треба да го продолжите договорот, ќе добиете покачување на платата“.
Тој потоа додаде: „Точно е дека е потребна конкуренција во големите клубови, но во секој тим каде што сум играл, имаше 7-8 играчи кои играа секоја недела, 6-7 играчи кои се бореа за три позиции, и имаш уште 6-7 играчи кои беа свесни дека се дел од поширокиот тим и се тука да помогнат. Тоа е здрава конкуренција во нормален тим“.
„А сега прво прашувате каде Жоао Феликс ќе се пресоблекува, па потоа прашувате каде ќе игра?“
„Мртов сериозн сум! Ако имате 40 играчи, како тие се сместени во една соблекувална? Како ги одработуваат тренинг сесиите?“