Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, Џејдон Санчо е отворен за преселба во Манчестер јунајтед, но во моментот нема конкретни преговори за спектакуларна трампа со Рахим Стерлинг.
Оваа недела се појавија гласини за спектакуларна трама помеѓу Челси и Манчестер јунајтед во која ќе бидат инволвирани Рахим Стерлинг и Џејдон Санчо.
Новинарот Фабрицио Романо даде свое видување на една ваква зделка и откри дека Џејдон Санчо е отворен за преселба на Стемфорд Бриџ.
Но во моментов нема конкретни преговори помеѓу двата клуба.
Јувентус и понатаму се обидува да го донесе Џејдон Санчо во Торино, но преферира тоа да биде на позајмица со опција за перманентен трансфер, додека пак Манчестер јунајтед инсистира наместо опција, „старата дама“ да има обврска во целост да го купи играчот.
Челси пак го гледа Џејдон Санчо како „можност“ на трансфер пазарот, и со задоволство ќе го ангажира но само доколку Манчестер јунајтед прифати да земе играч на кој не смета Енцо Мареска, како што е Рахим Стерлинг или пак Бен Чилвел.