Џан открива: Јувентус ги одби сите понуди за мене, а потоа Сари ми се јави и ме „уби“ со повик од 20 секунди

by
1 минути читање

Во последните
денови од зимскиот преоден рок, Емре Џан го напушти Јувентус и се пресели во
Борусија Дортмунд на позајмица. На „милионерите“ им требаа само 18 дена да ја искористат
опцијата и во целост да го купат играчот за 25 милиони евра.

Германецот во
разговор со Кикер сега открива дека Маурицио Сари е причината поради која си
заминал од Торино и раскажа како стратегот го „убил“ со еден телефонски повик
од 20 секунди.

„Кога Сари дојде
во Јувентус, првите неколку недели имаше пневмонија па не не тренираше. Потоа,
откако клубот ги одби сите понуди за мене и ме тргна од трансфер пазарот, Сари
ми се јави и во разговор од 20 секунди ми соопшти дека нема да бидам дел од
составот за Лигата на шампионите. Работите се променија по овој повик кој практично ме уби, не добив
шанса да се докажам. Затоа решив да заминам во јануари“
– вели Емре Џан.

„Одлуката нема
никаква врска со клубот или навивачите. Едноставно сакав повторно да играм
фудбал. Секако, влијаеше и Европското првенство, сакам да бидам дел од репрезентацијата
на Германија на континенталниот собир“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×