Емре Џан потврди
дека не е среќен со својот статус кој го има во редовите на италијанскиот првак
Јувентус, но верува дека претстојат подобри денови, особено тоа се однесува во
дресот на Германија.
Тој иако не е
стандарден во дресот на „Старата дама“, беше повикан од страна на селекторот
Јоаким Лев, за што самиот искажа големо задоволство.
„Не сум среќен во
Јувентус во моментов, не играм многу, иако имав добра минутажа ланската сезона,
посебно во оние натпревари од голема важност за клубот, исто така мислам дека
покажав и добри перформанси“ вели Џан кој беше изоставен од составот на
Јувентус за натпреварите во Лигата на шампионите, а се уште нема ниту еден
старт на меч во новата сезона, бележејќи само 78 минути настап и тоа влегувајќи
од клупата за резервни фудбалери.
„Немав големи
шанси за докажување оваа сезона, меѓутоа, сега откако ќе се вратам во клубот,
ќе имам убава можност за такво нешто“ додаде Германецот кој синоќа ги одигра
сите 90 минути во ремито против Аргентина на контролната пресметка.
„Премногу сум му
благодарен на Лев бидејќи иако немав минутажа, тој ме повика, затоа бев
пресреќен што едноставно имав можност повторно да играм“ заклучи Џан.