Ѕампарини во заминување најавува: Несторовски останува во Палермо

by
1 минути читање

Клубот од
Сицијалија вчера доби нов претседател, Пол Бакаљини го наследи Маурицио
Ѕампарини.

Контроверзниот
Ѕампа се повлече откако постигна договор за продажба на Палермо на конзорциум
од САД.

Тој во иднина ќе
биде советник на новите сопственици, и во интервју за Кориере дело Спорт
порачува дека Илија Несторовски нема да биде продаден.

Македонецот е единствена светла точка на Палермо оваа сезона, има 10 погодоци
зад своето име па голем број на клубови пројавуваат интерес за неговите услуги.

Со новите
сопственици, Несторовски и Балог ќе останат
– вели Ѕампарини.

„Доколку Палермо остане
во Серија А, ќе биде изграден тим околу нив, ќе бидат донесени неколку квалитетни
засилувања
.

„Доколку
испадне во Серија Б, клубот ќе почне од нула со нив
.

Конкретно за
Илија Несторовски, Ѕампа додава: „Илија е опасен голгетер како Игуаин и Инѕаги
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани