181
Марко Џампаоло веќе не е тренер на Милан, клубот денеска објави дека се разделува со стратегот.
Тој постави нов рекорд, Марко Џампаоло со 111 дена како тренер на Милан е стратегот со најкраток стаж во историјата на клубот. Никој досега не бил пократко тренер на росонерите.
Тој беше тренер на само седум натпревари во кои имаше три победи и четири порази.
Се очекува уште вечерва да биде назначен неговиот наследник, Стефано Пиоли.