По одличните
партии во дресот на Палермо, Наполи „загриза“ за Илија Несторовски минатата
година, но Маурицио Ѕампарини одби да го продаде играчот во зимскиот преоден рок и најави нови
преговори за по крајот на сезоната.
Клубот од Сицлија сега
има ново раководство кое најави дека ќе го задржи Македонецот дури и во Серија
Б, но Мауриѕио Ѕампарини ги советува „Наполитанците“ да тргнат по
„Нестогол“.
„Несторовски е
како Игуаин” – вели контроверзниот
Ѕампа во интервју за Радио Кис Кис.
„Не велам дека е
ист како „Пипита“, но има многу слични карактеристики. Доколку Игуаин дава по
40 голови, Несторовски може 30, не претерувам”.
„Илија е голем
играч, одлично ќе се снајде во Наполи”.
Македонецот е
единствена светла точка во тимот на Палермо оваа сезона. Илија Несторовски на
Ренцо Барбера пристигна како анонимен играч за 500.000 евра, и до овој момент
има 10 погодоци во својата деби сезона во Серија А.
Наполи не е
единствениот клуб кој пројавува интерес за напаѓачот, се шпекулира дека тој се
наоѓа и на листата со желби на Фиорентина, Севиља и Евертон.