Гранит Џака веднаш бил импресиониран од Микел Артета и откри како стратегот уште на првиот ден во Арсенал покажал дека го гледа фудбалот на еден поинаков начин.
Во пресрет на натпреварот помеѓу Сандерленд и Арсенал во Премиерлигата, Гранит Џака седна на разговор со „Атлетик“ и зборуваше за тоа каков тренер е Микел Артета.
Шпанецот во 2019 го презеде кормилото на „топчиите“, го трансформираше тимот по свој мерак и оваа сезона е ветувачка, клубот од Северен Лондон е лидер со +6 по 10 кола во Премиерлигата, како и четири од четири во Лигата на шампиони.
„Никогаш нема да го заборавам првиот ден на Микел Артета“ – вели Гранит Џака.
„Во тренинг центарот, има една голема просторија и во неа има столчиња. Тој ги имаше разместено столичињата, беа поставени насекаде – прав хаос“.
„Ги собра сите луѓе кои работеа во зградата и рече, „Момци, од страна, вие изгледате вака – хаос“. Па секој зема по едно столче и го постави на право место, а Микел рече, „Сакам ова да го правите секој ден““.
„И веднаш си мислите, „Леле, човеков од прв ден поставува стандарди!“ И потоа продолжи само да го гради нашиот менталитет, стандарди за тренинг, подготовки, активности, опоравување…“
„Донесе луѓе кои завршија одлична работа. Беше неверојатно да се работи со него, тој гледаше на фудбалот на поинаков начин“.
ФОТО: X/Arsenal