Џака и Тореира во јануари се селат во Милано?

by
1 минути читање

Според
неофицијалните информации кои пристигнуваат од Италија и Швајцарија, се вели
дека Милан е заинтересиран да го ангажира Гранит Џака, но и неговиот соиграч од
тимот на Арсенал, Лукас Тореира.

Тореира успеа да
реализира само четири настапи како стартер во новата сезона од Премиерлигата, а
„Тутомеркатовеб“ пишува дека неговиот агент ќе отпатува во Англија оваа седмица
за да преговара околу иднината на неговиот клиент.

Уругваецот се
приклучи на „Топчиите“ по трансферот од Сампдорија ланското лето, играше клучна
улога во тимот кој играше во финалето од Лига Европа, меѓутоа се шпекулира дека
во моментов не е среќен со својот статус кој го има во редовите на
Премиерлигашот.

Швајцарски „РСИ“
пак, тврди дека Џака е мошне близу до трансфер во Милан исто така, а наводно
тој дури и почнал со потрага по својот иден дом во Милано.

Сепоизвесно е дека Џака ќе се раздели со
Арсенал уште во јануарскиот преоден рок, особено ова доаѓа како нешто што е
реално да се случи по конфронтацијата со навивачите на клубот, а веднаш потоа
му беше одземена и капитентската лента.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×