Џака договори трансфер во Сандерленд, но има еден проблем, а тоа е – Ерик тен Хаг!

by riste
1 минути читање

Тренерот на Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг не сака да слушне за заминување на Гранит Џака од германскиот тим, вели дека тој е важен играч и мора да остане.

Џака веќе постигна договор за личните услови со Сандерленд и се веруваше дека и двата клуба ќе се договара па трансферот ќе се реализира.

Но, на ова се противи тренерот на Леверкузен, Ерик тен Хаг.

„Агентот на Џака може да каже што сака, но овој клуб веќе пушти тројца важни фудбалери да заминат и нема да пуштиме уште еден да си оди“, вели Тен Хаг.

„Гранит е лидер, има уште три години од договорот тука“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×