Бурни реакции на реалција, Барселона – Шпанија, предизвика повикот на Ламин Јамал во репрезентацијата, а сега се покажа дека сето тоа било непотребно затоа што тинејџерот на каталонскиот гигант нема да може да помогне.
Денеска пристигна информација дека Јамал чувствувал проблеми во препоните и поради тоа нема да биде подготвен да помогне на Шпанија.
Ќе потсетиме, претходно Ханси Флик го критикуваше Де Ла Фуенте за одлуката да не го поштеди Јамал кој беше повреден и пред дуелите за Барселона со Реал Сосиедад и ПСЖ.
На тие критики остро одговори и шпанскиот селектор.
„Ме изненади реакцијата на Флик затоа што и самиот беше селектор и претпоставував дека знае како одат работите. Ме обвинил дека не се грижам за Јамал? Веќе не се сеќавам што кажа и не ми е гајле“, остро возврати Де Ла Фуенте.
Шпанија во овој месец ќе се соочи со Грузија на гости, додека дома ќе ја пречека Бугарија.