300
По само една сезона Фулам се враќа во Чемпионшип дивизијата. До крајот имаат уште пет натпревари, но првото безбедно место е на 16 бодови од нив.
Фулам имаа солиден тим кој играше симпатичен фудбал во Чемпионшип под водство на Јокановиќ, доведоа и повеќе засилувања, платија преку 100 милиони фунти за нив ,на полусезона го донесоа и Рајан Бабел, а во еден период тренер им беше и Клаудио Раниери, но ништо не помогна.
Тимот од Кревин Котиџ експресно ја напушта Премиерлигата и во следната сезона повторно ќе игра во Чемпионшип.