Шкотскиот фудбал остана без една од своите најголеми икони, откако на 72 годишна возраст почина Џон Робертсон, фудбалер кој засекогаш ќе остане запаметен како симбол на златната ера на Нотингем Форест.
Робертсон најголемиот дел од својата кариера го мина токму во англискиот клуб, каде што навивачите и денес го сметаат за најдобриот играч кој некогаш го носел дресот на Форест. Неговото име е нераскинливо поврзано со најголемите успеси во историјата на клубот. Тажната вест официјално ја потврди и самиот Нотингем преку социјалните мрежи.
„Со голема тага објавуваме дека нашиот пријател и легенда Џон Робетсон не напушти. Тој беше вистински великан и двократен освојувач на Купот на шампионите, поседуваше незаменлив талент, понизност и непоколеблива лојалност. Почивај во мир…“, објави премиерлигашот.
Робертсон имаше огромно влијание во историските европски триумфи на клубот. Во финалињата на Купот на европските шампиони во 1979 и 1980 година одигра клучна улога, постигнувајќи го победничкиот гол во едно финале, а во другото запишувајќи асистенција, со што засекогаш се изгради во легендата на англискиот клуб.