Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое ќе се одигра по репрезентативната пауза. Колото започнува во петок на 12. септември, кога од 15:30 часот во Тетово ќе се сретнат Шкендија и Башкими. Во вечерниот термин од 19 часот на Градски во Скопје, Вардар ќе ја пречека екипата на Македонија ЃП.
Во сабота следуваат два дуели од 15:30 часот. Силекс во Кратово ќе биде домаќин на Работнички, додека Брера во Струмица ќе се сретне со Шкупи.
Неделната програма започнува со мечот Струга – Тиквеш (15:30), а колото ќе биде затворено под рефлектори во Битола, каде Пелистер од 19 часот ќе го пречека Арсими. Ова ќе биде и прв натпревар на „зелено-белите“ пред својата публика оваа сезона, откако претходниот домашен меч го одиграа во Кавадарци поради заштита на теренот на „Петар Милошевски“.
- Термини за натпреварите во ПМФЛ:
12.09. Шкендија – Башкими 15:30
12.09. Вардар – Македонија ЃП 19:00
13.09. Силекс – Работнички 15:30
13.09. Брера – Шупи 15:30
14.09. Струга – Тиквеш 15:30
14.09. Пелистер – Арсими 19:00