Барселона би
можела да ја затвори арената „Камп Ноу“ за дополнителни десет месеци, а истата
да не ја отвори за своите навивачи дури до февруари идната година, а овие
информации ги објави „Ла Вангуердиа“, базирајќи се на извори од клубот.
Каталонскиот
весник известува за документи кои произлегле од клубот, во кои се наведуваат
две можни сценарија во финансиската криза која го зафати фудбалот, а криза во
која влезе секако и Барселона.
Во
најпесимистичкото од двете сценарија, актуелната сезона не е завршена, односно
не е комплетирана, преодниот рок за трансфери е отворен на 15. август, се
затвора на 15. септември, кога практично новата сезона би требало да започне.
Ова е најтешкото
сценарио според кое првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас неодамна изјави дека
шпанскиот фудбал ќе го чини неверојатни еден билион евра.
Сепак, постои и
едно оптимистичко сценарио во кое се надеваат во Барселона дека би се
остварило, со тоа што сезоната би продолжила на 15. јуни, а истата да заврши во
втората седмица од август.
Но, дури и во
второто сценарио, во Барселона наводно не планираат да играат со публика на
гледалиштето пред 15. ноември, според известувањата на „Ла Вангуердиа“.
Коронавирусот
удри силно во Шпанија каде има 200,000 потврдени случаи на Ковид-19, со повеќе
од 20,000 починати.