Бразилецот Нејмар игра како препороден по враќањето во Сантос и поради тоа се забрзаа пишувањата за негово можно враќање во Барселона на лето, но како што стојат работите од тоа нема да има ништо, ако веруваме на едни од најпознатите шпански медиуми, „Мундо Депортиво“ и „Спорт“.
Нејмар во седум настапи за Сантос веќе има три гола и три асистенции и поради тоа се зголемија најавите за негово враќање.
Но, како што наведува „Мундо Депортиво“ спортскиот директор на Барселона е скептичен кога во прашање е враќањето на Нејмар. Исто така се додава дека многу по реално изгледа опцијата, Барселона да тргне по Александар Исак од Њукасл или Луис Дијаз од Ливерпул.
Каталонскиот „Спорт“ кој претходно истакнуваше дека Барселона му поставила услов да постигне 15 гола за да започнат било какви преговори, сега наведува дека Ханси Фликс се сомнева во физичката форма на Бразилецот.
Флик смета дека Нејмар со 33 години е престар за Барселона и не се вклопува во неговата филозофија за подмладување. Втората пречка е финанискиот аспект и во овој момент Барселона на овој план работи со долгорочни договори со фудбалерите.