Селекторот Благоја Милевски денеска го објави списокот за натпреварите против Саудиска Арабија и Лихтенштајн, на него има двајца дебитанти.
Пред македонската фудбалска репрезентација се два натпревари, прво на 4. септември играме пријателски меч против Саудиска Арабија, а на 7. септември го пречекуваме Лихтенштајн во квалификациски дуел.
По добрите игри за Шкендија во Европа, повик доби фудбалерот од средниот ред Решат Рамадани, а покрај него за првпат повикан е и напаѓачот Елмин Растодер кој настапува за Тун во Швајцарија.
Собирот на македонските фудбалери е закажан за 1. септември во 12:30 часот.