Арсенал во
петокот соопшти дека Месут Озил и Сеад Колашинац нема да играат против Њукасл
поради нови безбедносни инциденти. Дуото пред две недели беше мета на крадци,
кои се обидоа да го украдат автомобилот на Германецот, но Босанецот скокна да
се пресмета со нив и ги избрка.
Медиумите од
Англија сега откриваат нови детали и велат дека „топчиите“ реагирале откако се
случил нов инцидент пред домот на Месут Озил. Во четвртокот вечерта две лица се обиделе да се пресметаат
со обезбедувањето на Гермманецот, а полицијата соопшти дека тие биле
уапсени.
Според пишувањата
на Сан, двајцата играчи се под 24-часовна заштита и се во средината на
пресметка на две банди.
Весникот вели дека сопругата на Сеад Колашинац била толку многу исплашена од
она што се случува, па го напуштила Лондон и се вратила во Германија.