Две големи засилувања за Евертон во еден ден

by
1 минути читање

Бурен ден на Гудисон Парк, синиот клуб од Ливерпул денеска ангажираше две важни засилувања за следната сезона.

Евертон неколку недели беше во преговори со Барнли за трансфер на Кин и успеа да се договори. Сумата која ја плаќа е 25 милиони фунти со можност да порасне до 30 милиони фунти.

Кин кој потекнува од академијата на Манчестер јунајтед, минатата сезона имаше 35 настапи за Барнли а го доби и првиот повик за репрезентацијата на Англија.

Неколку часа пред да го промовира Кин, Евертон го објави трансферот на Сандро Рамирез од Малага за кого ја платија откупната клаузула од 6 милиони евра.

21-годишниот Рамирез е поранешен играч на Барселона, тој ќе ја засили офанзивата на Евертон која се очекува да биде ослабена со заминување на Ромелу Лукаку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани