Две големи засилувања за Охрид во борбата за ПМФЛ

by 24 фудбал
1 минути читање

Амбициите на Охрид за настап во елитата стануваат сè појасни, откако есенскиот првак во ВМФЛ продолжи со сериозни потези во зимскиот преоден рок.

Клубот од крајбрежјето на Охридското Езеро официјално потврди две нови засилувања кои пристигнуваат од Првата лига и треба значително да го засилат тимот во борбата за прволигашки статус. Нови членови на Охрид се искусниот дефанзивец Дарко Илиески и крилниот фудбалер Абдулхади Јахја.

Илиески, кој игра на стоперските позиции, доаѓа по полусезоната мината во Тиквеш и зад себе има богато прволигашко искуство. Во својата кариера има речиси 200 настапи во ПМФЛ, што го прави еден од најискусните фудбалери во ростерот на Охрид. Во минатото настапуваше за повеќе клубови во земјава и странство, меѓу кои Победа, Борец, Шкупи, Пелистер, Струга, како и за екипи од Ерменија, Словенија, Таџикистан и Албанија.

Дополнително засилување за офанзивните позиции е Абдулхади Јахја, кој ќе ја зголеми конкуренцијата на крилата. 26 годишниот фудбалер пристигнува од Башкими и исто така носи големо искуство со околу 150 одиграни натпревари во ПМФЛ. Во текот на кариерата ги носеше дресовите на Еуромилк Горно Лисиче, Вардар, Шкупи, Струга, Воска Спорт и Башкими.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×