6,9K
На денешен ден пред две години фудбалскиот свет беше погоден од трагичната вест за смртта на легендарниот српски тренер Синиша Михајловиќ кој почина на 54-годишна возраст по долгата битка со леукемијата.
Михајловиќ беше еден од највпечатливите ликови на Балканот, но остави и длабока трага во Италија.
Кариерата како тренер ја започна во Војводина, а кулминираше со трофејот во Лигата на шампионите со Црвена Звезда во 1991 година. Подоцна го носеше дресот на Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.
Успешен беше Михајлович и во тренерските води седејќи на клупата на екипите на: Болоња, Фиорентина и Милан, а во еден период беше и селектор на Србија.
Посебно ќе остане запаметен по неговите маестрални слободни удари.