Две ѕвезди заминуваат од Челси, но Конте ќе добие 200 милиони фунти за да донесе нови

by
1 минути читање

Диего Коста игра во одлична форма оваа сезона, но тој не е среќен во Англија, сака повеќе сонце и потопла клима, нешто што не може да го има во Лондон.

„Среќен сум во Челси. Но не можам да речам дека сум среќен со животот во Лондон, бидејќи тој е сосема понаков“ – неодамна изјави Коста.

Тој би можел да се врати во Шпанија или да замине во Кина каде што имаше понуда и во јануарскиот преоден рок, но не доби дозвола од Челси.

Еден Азар е мета на Реал Мадрид, а кога тие или Барса ќе тргнат по некој фудбалер најчесто го добиваат.

Реал Мадрид е подготвен за Азар да плати 100 милиони фунти, плус на играчот да му понуди неделна плата од 300.000 фунти.

Доколку Азар биде примамен од понудата на Реал Мадрид, Челси тешко дека ќе може да му застане на патот иако има уште три години од актуелниот договор.

Но, Роман Абрамович ќе го ублажи ударот со 200 милиони фунти кои Конте треба да ги искористи за купување на нови играчи, па се очекува други ѕвезди да пристигнат на Стемфорд Бриџ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани