Барселона влегува во решавачкиот период од сезоната со јасна цел, да ја задржи предноста пред Реал Мадрид во Ла Лига и да продолжи со походот кон европскиот трофеј во Лига на шампиони.
Пред клучните натпревари, тренерот Ханси Флик доби добри вести, Жил Кунде и Алехандро Балде повторно се приклучија на тимските тренинзи и ќе конкурираат за настап против Атлетико Мадрид.
Каталонците најпрво ќе гостуваат кај истиот ривал во домашното првенство, по што следуваат и двата четвртфинални дуели во Европа, па враќањето на стандардните бекови доаѓа во идеален момент.
Сепак, не се сите вести позитивни. Френки де Јонг сè уште се опоравува од повредата и нема да биде во комбинација за претстојниот натпревар, додека Рафиња ќе паузира подолг период поради повредата заработена со репрезентацијата на Бразил.