Двајца мртви, дете во кома и многу повредени е епилогот од шампионската прослава во Аргентина

by
1 минути читање

Аргентинските фудбалери имаат величенствен дочек, но тој зема и жртви. Според аргентинските медиуми, две лица починале во текот на славјето.

24-годишно лице го загубило животот откако паднало од стаклен кров на кој бил качен, починал на лице место. Вториот навивач се задушил со знаме. Знамето му било врзано околу вратот, а бидејќи било големо успеало да се заплетка во тркало од мотор, кога тргнал моторот, го загушил навивачот.

За живот се бори петгодишно дете, на главата му паднал дел од споменик на кој биле качени десетина навивачи. Детето е во кома.

Болниците биле полни со повредени луѓе на кои им се укажувала помош.

Лудувањето по улиците траело до доцна во ноќта, а полицијата имала битки со навивачи, користела и водени топови и гумени куршуми.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани