Два спектакуларни гола на Роџерс, Астон Вила за прв пат по 111 години врза десет победи (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Астон Вила со 2-1 го совлада Манчестер јунајтед, Морган Роџерс со два спектакуларни гола го предводеше својот тим до нова историја.

Астон Вила игра во страшна форма, тимот на Унаи Емери го совлада Манчестер јунајтед и врза 10 победи за прв пат по 111 години.

Херој на вечерта беше Морган Роџерс со два спектакуларни погодоци, особено атрактивен беше тој за 1-0, кога од работ на шеснаесетникот неодбранливо пласираше во аголот.

Куња изедначи на 1-1 во последните секунди на првиот дел, но Роџерс во 58. минута уште еднаш маестрално реализираше за 2-1.

Дополнителна главоболка за Рубен Аморим е повредата на Бруно Фернандеш, кој мораше да биде заменет на паузата.

ФОТО: X/Aston Villa

Можно е и ова да ти се допаѓа

×