129
По двете победи
на стартот, Аргентина утрово одигра реми против Парагвај. Гостите поведоа од
пенал во 21. минута, но пред крајот на првиот дел, домаќините изедначија по
еден корнер.
Во продолжението
од мечот, Лео Меси погоди за водство од 2-1, но голот беше поништен со ВАР. Проблем
беше прекршок на зачетокот од акцијата, но Аргентинците се бунеа бидејќи по тој
контакт поминаа 27 секунди и 15 додавања.
Лео Меси беше
бесен, па му порача на судијата, „Два пати не заеба“. Напаѓачот потоа беше
уловен како вели, „Ова е неверојатно, срамота“.
Фрустрациите се
зголемија 15-тина минути подоцна, Лео Меси од слободен удар ја затресе пречката,
па Аргентина мораше да се задоволи со бод.