Два од два за Лукаку и Интер, „нероаѕурите“ до нов триумф со помош на ВАР и пенал (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Новиот Интер со Конте на кормилото има шест бода по првите две кола, вечерва „нероаѕурите“ триумфираа на Сардинија со помош на ВАР и удар од белата точка.

Резултатот го отвори Лаутаро Мартинез во 25. минута од мечот. Во прв момент голот беше поништен поради офсајд, но по неколку минути прегледување на повторените снимки, ВАР ја преиначи одлуката и судијата покажа кон центарот.

Каљари стигна до изедначување на стартот од вториот дел. По еден центаршут на Нандез, Жоао Педро скокна највисоко и го совлада Хандановиќ за 1-1.

Интер се врати во водство во 71. минута. Сенси изнуди пенал а Лукаку реализираше од белата точка за 1-2.

Илија Несторовски беше стартер за Удинезе и одигра 70. минути во поразот на домашен терен против Парма. Мечот започна добро за „бјанконерите“, Лазања донесе водство од 1-0 во 17. минута. Сепак, пред крајот на првиот дел Жервињо изедначи на 1-1, за по еден час игра Гаљоло да донесе комплетен пресврт. Во 75. минута Инглесе ја запечати победата на гостите.

Горан Пандев имаше епизодна улога и ги одигра завршните пет минути од победата на Џенова од 2-1 над Фиорентина. На останатите вечерашни натпревари, во меч со неколку пресврти, Торино со 2-3 триумфираше на гостувањето кај Аталанта, Сасуоло дома со 4-1 ја совлада Сампдорија, а Верона со 0-1 славеше на гостувањето кај Лече.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×