Два месеци по страшната сообраќајка ѕвездата на Вест Хем се врати на тренинг

by 24 фудбал
0 минути читање

Мајкл Антонио имаше страшна сообраќајна несреќа во која со многу среќа избегна тешки телесни повреди.

Тој со своето Ферари излета од патот во областа Есекс и со хеликоптер беше пренесен во болница. Поради тоа се стравуваше од најлошото, но Антонио мина релативно лесно.

Два месеци по несреќата тој почна повторно да тренира. Во моментов е во Дубаи каде што има специфична програма на работа почнувајќи од физичката подготвеност.

Целта на Антонио е да се врати на фудбалот до крајот на сезоната.

https://twitter.com/westhamfootball/status/1890383054834696368

Можно е и ова да ти се допаѓа

×